Компанија Arc Communications - Глобалнa веб-страница
Компанијата Arc Communications нуди широк спектар услуги за да им помогне на странските компании да влезат на јапонскиот и азискиот пазар. Препуштете ни ја деловната комуникација, без разлика дали се во прашање услуги поврзани со маркетинг-материјали, како што се веб и графички дизајн услуги, јазички односно преведувачки услуги или персонални услуги за претставување на кадрите кои се специјализирани за овие области.
- Веб-дизајн
Ефикасна веб-страница е основната алатка за ширење на вашата работа на јапонскиот и другите азиски пазари. Компанијата Arc Communications ја обезбедува потребната поддршка за развој на веб-страницата што е посебно приспособена на азискиот пазар. - Графички дизајн
Во Азија, а особено во Јапонија, вешто дизајниран памфлет кој ја претставува вашата компанија или брошура за производ можат да воспостават или да прекинат деловен состанок. - Преведување и локализација
Пренесување на азиските јазици во светот. Пренесување на странски јазици во Азија. Со користење на мрежата на локален персонал од целиот свет, компанијата Arc Communications обезбедува најквалитетни преводи за да ви помогне да ја проширите својата работа. - Преведување
Во деловните преговори со Јапонија и други азиски земји не треба да се игнорира значењето на преведувачот кој добро ги знае двата јазика и култури. Нашите внимателно одбрани преведувачи се од суштинско значење за деловниот успех на двата пазари. - Персонал на службата /положба
"Потребен ни е персонал со искуство во делот на јапонското деловно окружување." "Потребен ни е двојазичен персонал кој ќе обезбеди непречена комуникација." Доколку се препознавате во тоа, дозволете ни да ви ја обезбедиме потребната поддршка.
Претставување на компанијата Arc Communications
Локација | Компанијата Arc Communications се наоѓа во срцето на деловниот кварт на Токио во центарот на Азија. Од оваа идеална локација, рафинираните комуникациски услуги на оваа компанија се мошне ценети меѓу клиентите во базата. |
---|---|
Историја на компанијата | Иако со деловните активности започна во 1996 година, компанијата Arc Communications се одвои како посебна фирма во 2005 година. Способноста да се обезбеди стабилно престројување на комуникациските услуги во такво конкурентно деловно опкружување како Токио, ни дава голема самодоверба и гордост. |
Филозофија на компанијата | Персоналот на компанијата Arc Communications обезбедува услуги кои директно го поддржуваат успехот на глобалната деловност во Јапонија и Азија. Како професионалци во деловната комуникацијата на азискиот пазар, на клиентите им обезбедуваме сеопфатни решенија што ги задоволуваат потребите на клиентите и на пазарот на кои се обидуваат да пристапат. Нашата крајна цел е успех на клиентите во работата, што ни претставува најголемо задоволство. |
Најголеми клиенти | Основата на нашата база на клиенти претставуваат компании кои работат во Јапонија, во Азија и на светската сцена, како и компании кои сакаат да влезат на јапонскиот и на азискиот пазар. |
- Главни клиенти
- GE Group, HP Group, Sony Group, NTT Group, Unilever, Sigma-Aldrich, Eisai, Canon, Kirin Group, Ernst & Young ShinNihon, Sojitz Group, Diamond, Nissan Motor, ASEAN-Japan Centre, Japan External Trade Organization (JETRO), University of Tokyo, Waseda University, итд.
- Arc Communications Inc.
- Претседател и директор: Mariko Ohsato
- Адреса: 7th Fl. Moriden Bldg. 3-9-9 Mita, Minato-ku, Tokyo 108-0073
Телефон: 81-3-5730-6133
Факс: 81-3-5730-6134
Е-пошта: arc-c@arc-c.jp - Адреса: 7th Fl. Moriden Bldg. 3-9-9 Mita, Minato-ku, Tokyo 108-0073